Top Sport

Шоу на Салах, два гола и два промашени пенали (Видео)

Фудбалската репрезентација на Египет убедливо го порази Нигер со 6:0, во второто коло од квалификациите за Купот на Африка. Египќаните ги освоија првите бодови во квалификацискиот циклус бидејќи в првото коло беа поразени во Тунис 1:0.

Два гола за Египет постигна нивниот најдобар играч Мо Салах, тој постигна два гола, како и Мохсен, а по еден гол постигнаа Ашраф и Елнени.

foto: epa

Салах беше централна фигура на мечот не само поради головите и асистенцијата за првиот гол, туку и поради тоа што не успеа да реализира два пенали. Најпрвин промаши во третата минута, а и во 29.минута, но тогаш одбиената топка успеа да ја врати во голот.

Scroll to Top