Top Sport

Англија падна на „Вембли“ по цела деценија (Видео)

Шпанија ја победи Англија со 2:1, на стартот на натпреварите во Групата 4 од А-дивизијата во Лигата на Нации. Дуелот траеше повеќе од 100 минути, а Англичаните прв пат по 2007 година загубија меч на „Вембли“. На овој натпревар на шпанската клупа дебитираше како селектор Луис Енрике.

Натпреварот на најголемиот англиски стадион започна во бавно темпо на двете страни, а бурата започна во 11.минута, кога Англичаните постигаа гол. Кејн отвори контра, Шо идеално го проигра Рашфорд, на кого не му беше тешко да го совлада клупскиот колега Де Хеа.

Предноста на „Гордиот албион“ траеше несели 120 секунди, кога Родриги мина по десната страна нафрли, а Саул Нигез со полу-волеј ја смести зад грбот на Пикфорд.

По постигнатиот гол Шпанците целосно ја презедоа контролата врз играта. Таквта нивна определба резултираше со гол во 32.минута. Алкантара изведе слободен удар од левата срана на теренот, а Родриго успеа да им побегне на своите чувари и да ја смести топката во поблискиот агол.

foto: epa

Второто полувреме започна со повредата на левиот бек на Англија, Лук Шо. По судирот со Карвахал тој остана да лежи на теренот, а по укажаната лекарска помош на носилки беше изнесен од теренот.

Шпанците, потоа продолжија во истото темпо во кое го завршија првиот дел, целосно ја контролираа играта не дозволувајќи му на противникот повеќе од три додавања.

Англија успеа да се ослободи од притисокот по 75.минута, кога Де Хеа со брилијантна интервенција го спречи Рашфорд да израмни.

Домашните играчи постигнаа гол за израмнување во 98.минута кој оправдано беше поништен поради прекршокот што Велбек го направи врз шпанскиот голман.

Scroll to Top