Ако имаше стравувања за тоа како Аргентина ќе игра на Светското првенство во Русија ова лето, тие се трансформираа во паника по понижувачкиот 6:1 пораз на „Ванда метрополитано“ од разиграната Шпанија.
Без Лео Меси во составот, „Албиселесте“ се „распаднаа“ на теренот, примајќи неверојатни шест голови – Иско постигна хет-трик, додека во листата на стрелците се запишаа и Диего Коста, Тијаго Алкантара и Јаго Аспас. За селекцијата на Хорхе Сампаоли, утешниот гол го постигна Николас Отаменди.
Како и да е, колку и да е моќна Шпанија, Аргентина не смее да губи со ваков неверојатен резултат доколку сака да се смета за сериозна репрезентација на Мундијалот, каде што едвај се квалификуваа, повторно само благодарение на неверојатниот Лео Меси.
Фото: ЕПА