Лионел Меси веќе не е во Шпанија, така што не изненадува одлуката на локалките власти да го срушат неговиот хотел од 30 милиони евра откако добиле судска одлука дека зградата е не безбедна.
Хотелот со 77 соби, кој Меси го купил во 2017 година, се наоѓа блиску до плажата во Ситгес, градче на 40 километри од Барселона, и локалната власт барала негово рушење уште пред хотелот да биде во сопственост на освојувачот на седум „Златни топки“.
Според „Ел конфиденсијал“, балконите на хотелот се преголеми и не ги исполнуваат потребните услови, а секој обид да се направи градежна интервеција може да донесе до рушење на хотелот. Според весникот, Меси не бил свесен за проблемите кога го купил хотелот.