Top Sport

Шпанците ќе му наплатат 1.6 милиони долари во заостанати даноци на Анчелоти?

На повратникот на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти најверојатно ќе му бидат одземени 1.6 милиони долари од неговата плата поради наводни прекршувања на правилата кога првпат беше тренер на „кралевите“, тврди „Ел мундо депортиво“.

Според нивните извори, Специјалниот уред за финансиска контрола во Мадрид ги контактирал Реал 48 часа по пристигнувањето на Анчелоти, барајќи тој да се појави на сослушување на 23 јули. 62-годишниот Анчелоти ја освои титулата од ЛШ со Реал во 2014 година и даночниците сакаат да му наплатат за тоа што неправилно известувал за своите приходи додека живеел во Шпанија од 2013 до 2015 година.

„Ел Мундо“ тврди дека Анчелоти формирал англиска компанија додека бил тренер на Челси, со што својата заработувачка ја префрлал таму, плајќајќи 10 отсто данок, наместо потребните 45 отсто според шпанскиот закон.

Шпанските даночници подолго време водат „војна“ против фудбалерите и тренерите кои се обидуваат да ги „измамат“ за плаќањето данок, поведувајќи неколку случаи против Диего Коста, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и други фудбалери.

Scroll to Top