Во шпанската Примера денеска беше ден резервиран за нерешени резултати.
Освен Еибар кој успеа да слави со гол во 91 минута над тимот на Алавес со 2:1, останатите три дуели завршија со поделба на пленот.
На натпреварите Вилјареал – Леванте и Хуеска – Гетафе како да имаше copy paste натпревари, двете на полувреме беа 0:0, а завршија 1:1.
На мечот Сосиедад – Севилја немаше голови.
Доцна вечерва нерешено заврши и последниот дуел меѓу Бетис и Селта Виго. Ревија голови и конечни 3:3.