Антоан Гризман до крајот на сезоната ќе игра само по 29 минути за Атлетико Мадрид доколку Барселона не се согласи со нови услови. Многумина заборавија, но Гризман се уште е фудбалер на Барселона. Минатото лето го позајми на Атлетико Мадрид на две години, но во договорот има клаузула според која црвено-белите се обврзани да го купат напаѓачот за 40 милиони евра на крајот од сезоната.
Во потрага по „дупка“ во договорот, во Атлетико сфатиле дека нема да бидат обврзани да и платат ниту цент на Барселона доколку Гризман не игра повеќе од 30 минути по натпревар во текот на сезоната. Ова свое открите тие решија да го тестираат.
Во првите две кола од Ла Лига, Гризман стартуваше од клупата за резерви, а потоа влегуваше на теренот. Интересно и против Хетафе и против Виљареал, Гризман на теренот влегуваше во 62.минута.
Во овие ситуации не се смета судиското надополнување на времето, што значи дека Гризман на овие два натпревари играл по 28 минути.
Во моментов Барселона нема да протестира, за ние би било уште полошо ако го вратат Антоан Гризман со неговата огромна плата, бидејќи не ги решија ни тековните проблеми за да ги регистрираат сите засилувања донесени во оваа лето, па светскиот шампион со Франција е „во неизвесност“.
Останува да се види дали Гризман ќе биде „супер замена“ цела сезона кој нема да игра повеќе од половина час или клубовите ќе се согласат да ја намалат откупната клаузула на 20 милиони евра.