Top Sport

Шпанците се инаетат со Косово – ги напишаа со мала буква, внимаваат на преносот да не ги наречат држава

Шпанија има очекувана 2:0 предност против Косово по првите 45 минути од квалификацискиот меч за СП во Катар во 2022, но најмногу интерес носи однесувањето на Шпанците кон Косово поради непризнавањето на оваа земја.

На официјалниот пренос од мечот, Косово е напишано со мала буква, а коментаторите имаат посебна задача да не го ословуваат Косово како држава. Шпанците најавуваа дека нема да се свири ниту химната на Косово, иако таа беше интонирана пред стартот на мечот.

Scroll to Top