Top Sport

Шпанците се негативни на коронавирусот

Сите репрезентативци на Шпанија се негативни на коронавирусот. Шпанците направија дополнителни тестирања, откако ден претходно позитивен ПЦР тест доби капитенот Серхио Бускетс.

„Сите фудбалери, членовите на тимот и делегацијата на репрезентацијата се тестираа и сите имаат негативни ПЦР тестови“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Шпанија со информација дека во наредните денови лекарските служби превентивно ќе направат уште неколку тестови.

Бускетс, кој во неделата доби позитивен тест, се наоѓа во изолација.

Шпанија, настапот на ЕУРО 2020, ќе го започне на 14.јуни против Шведска. Покрај овие две репрезентации, во Е-групата се Полска и Словачка.

Scroll to Top