Позитивниот тест на коронавирусот кој го добил Серхио Бускетс, ја стави во изолација шпанската репрезентација, која се подготвува за настап на Европското првенство. Фудбалскот сокуз на Шпанија, објави дека утре закажаниот пријателски натпревар против Литванија ќе го одигра младата репрезентација.
Шпанците неколку дена ќе бидат во изолација, пота повторно ќе бидат тестирани. Тоа е се што соопштија од националниот тим. Познато е само дека Бускетс нема да може да игра во првиот натпревар на ЕП, за осум дена Шпанија ќе игра против Шведска.