Top Sport

Шпанија со еден дебитант на завршниот турнир во Лигата на нации

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуентес го објави списокот за завршниот турнир на Лигата на нации, кое ќе се игра од 14 до 18 јуни во Холандија.

Робин Ле Норманд, неодамна натурализираниот француски централен дефанзивец чија вредност се проценува на 35 милиони евра, доби повик да дебитира за „црвената фурија“. Фудбалерот на Реал Сосиедад (26), доби шпанско државјанство на 24 мај. На списокот е и дефанзивецот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорт, кој беше натурализиран пред Евро 2021 година и има 20 натпревари за Шпанија.

Во националниот тим се враќаат дефанзивецот на ПСЖ, Хуан Бернат, кој нема играно за Шпанија од ноември 2019 година, како и играчот од средниот ред на Бетис, Серхио Каналес и напаѓачот на Лидс, Родриго Морено.

Шпанија во полуфиналето ќе игра против Италија на 15 јуни во Еншеде. Во случај на успех, Шпанија во финалето на 18 јуни би се сретнала со победникот од мечот меѓу Холандија и Хрватска.

Список од 23 шпански играчи повикани за завршниот турнир на Лигата на нации:

Голмани: Кепа (Челзи), Унаи Симон (Атлетик Билбао), Давид Раја (Брентфорд)

Одбрана: Хесус Навас (Севиља), Ајмерик Лапорт (Манчестер Сити), Давид Гарсија (Осасуна), Робин Ле Норманд (Реал Сосиедад), Жорди Алба (Барселона), Хуан Бернат (ПСЖ), Дани Карвахал (Реал Мадрид)

Среден ред: Родри (Манчестер Сити), Мартин Зубименди, Микел Мерино (Реал Сосиедад), Фабиан Руиз (ПСЖ), Гави (Барселона), Серхио Каналес (Бетис)

Напад: Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Хоселу (Еспањол), Родриго Морено (Лидс Јунајтед), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Дани Олмо (Лајпциг), Јереми Пино (Виљареал)

Scroll to Top