Селекторот на Шпанија Луис Енрике го објави сисокот на фудбалер за мечевите со Германија и Украина во Лигата на нации. Енрике во репрезентацијата повика седм дебитанти. На списокот на шпанскиот селектор нема ниту еден фудбалер на Атлетико Мадрид, иако стандардни во „црвената фурија“ кај Енрике беа Саул и Алваро Мората.
Дебитанти во репрезентацијата се голманот Унаи Симон, Серхио Регуилон, Ерик Гарсија, Ансу Фати, Адама Траоре, Феран Торес, Микел Мерино и Оскар Родригез.
Списокот на Луис Енрике.
Голмани: Де Хеа (Манчестер Јунајтед), Кепа (Челси), Симон (Атлетик Билбао)
Одбрана: Карвахал, Рамос (Реал Мадрид), Регуилон, Хезус Навас (Севилја), Пау Торес (Виљареал), Диего Љоренте (Реал Сосиедад), Хосе Гаја (Валенсија), Ерик Гарсија (Манчестер сити)
Ред за врска: Фабијан Руиз (Наполи), Тијаго (Баерн Минхен), Родри (Манчестер сити), Бускетс (Барселона), Олмо (Лајпциг), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Оскар Родрогез (Реал Мадрид)
Напад: Родриго и Феран Торес (Валенсија), Ојерзабал (Реал Сосиедад), Адама Траоре (Вулверхемптон), Асенсио (Реал Мадрид), Ансу Фати (Барселона).
Шпанија на 3 септември гостува кај Германија, а три дена подоцна ќе ја пречека Украина.