Top Sport

Шпанија во 96. минута се спаси од пораз кај Германија, Русите пак подобри од Србите

Германија пропушти победа на стартот на второто издание на Лигата на нации на УЕФА, откако на празната „Мерцедес-Бенц арена“ во Штутгарт прими гол во 96. минута за 1:1 реми со Шпанија. Украина во меч од Лига А со 2:1 беа подобри од Швајцарија, додека Србија во петтиот меѓусбен меч со Русија не успеа да стигне до победа, губејќи со 3:1 од Москва во Русија.

Новото засилување на Челси, Вернер, во 51. минута доби топка во средината на шестнаесетникот и го совлада Давид де Хеа, кој воопшто не реагираше на ударот за водство, кое „маншафт“ го држеше до 96. минута, кога дефанзивецот на Валенсија, Хозе Гаја се снајде во мешаницата пред голот на Кевин Трап.

Во истата група 4 од Лига А, Украина во Лвив поведе во 14. година со неверојатниот гол на Андриј Јармоленко, но Швајцарците се вратија преку Харис Сеферовиќ во 41. минута. Човек за одлука беше ѕвездата на Манчестер сити, Олександер Зинченко во 68. минута.

Русија во Москва имаше повеќе од играта, и поведе со 2:0 со головите на Артем Ѕјуба од пенал (48. минута) и Вјачеслав Караваев (69. минута). Александар Митровиќ во 78. минута им даде надеж, за само три минути подоцна, Ѕјуба со вториот гол да ја осигура победата. Во истата група, Унгарија преку Доминик Собослаи стигна до импресивна 1:0 победа на гости кај Турција.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 4

Германија – Шпанија 1:1

Украина – Швајцарија 2:1

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Русија – Србија 3:1

Турција – Унгарија 0:1

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Бугарија – Ирска 1:1

Финска – Велс 0:1

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Молдавија – Косово 1:1

Словенија – Грција 0:0

ЛИГА Д, ГРУПА 1

Летонија – Андора 0:0

Фарски Острови – Малта 3:2

ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА

УКРАИНА – ШВАЈЦАРИЈА

РУСИЈА – СРБИЈА

ФИНСКА – ВЕЛС

Scroll to Top