Top Sport

Шпански новинар тврди, Гвардиола ќе заврши во Јувентус

Пеп Гвардиола е еден од оние кои се поврзуваат со клупата на италијанскиот великан Јувентус. Иако Гвардиола ги демантира таквите наводи, медиумите тврдат дека прашање на денот е кога тој ќе го потпише договорот до „старата дама“.

„Колку пати треба да го кажам ова. Не одам во Јувентус, нема да се преселам во Италија…Задоволен сум овде, не одам никаде. Наредната сезона ќе бидам тренер на Манчестер сити неколку пати сум го кажал тоа“, рекол Гвардиола.

Сепак, италијанските медиуми го тврдат спротивното, односно дека Гвардиола имал состанок до спортскиот директор на Јувантус, Фабио Паратичи.

Ситуацијата дополнителни ја компликува новинарот на „Мундо Депортиво“, Францеск Агилар, кој не сакајќи да го открива својот извор изјавил дека Пеп ќе заврши во Италија.

„Истата особа која пред неколку години (многу порано него што тоа беше официјално објавено), ми кажа дека Пеп Гвардиола ќе го преземе Манчестер сити, сега ми кажа дека тој е на пат кон Јувентус. Тогаш му поверував, сега му верувам уште повеќе, иако на та тема во Торино не се разговара“, рекол Агилар.

Наводно Јувентус новиот тренер ќе го претстават на прес конференција која е закажана за 14 јуни.

Scroll to Top