Top Sport

„Златната топка“ на Модриќ му овозможи нов договор

Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал на уште една година, до летото 2021. Деталите помеѓу двете страни биле договорени, потписот ќе „падне“ наредните денови.

„Марка“, медиуми во кој секогаш се добро информирани за случувањата во „кралскиот клуб“, открива дека „Златната топка“ е виновна за ваквиот епилог.

Истиот извор, објави дека во договорот што Модриќ го потпишал со Реал во 2016 година и кој истекува во јуни 2020 година, постоела клаузула, која му гарантира на фудбалерот уште една дополнителна година доколку ја освои „Златната топка“.

„За разлика од минатото лето кога по одличниот настап на СП во Русија сакаше да замине во Интер и поради тоа што не ги мина комплетните подготовки лошо влезе во сезоната, која ја одигра под своето ниво, Модриќ сега е фокусиран само на Реал. Хрватот ќе зака „одмазда“ за лошата сезона“, пишува „Марка“ во својот текст.

Исто така во текстот се потенцира дека Модриќ целосно ја имал довербата на клупските челници и тренерот Зинедин Зидан.

Scroll to Top