Top Sport

Шпанскиот печат убеден: Заврши ерата на трансфери од 100 милиони евра

Времето во кое трансферите од 100 милиони евра беа „нормални“ во шпанскиот фудбал завршија, велат во анализите шпанските спортски медиуми оценувајќи го влијанието на КОВИД-19 на шпанскиот фудбал.

Шпанија во моментов е само зад Италија по бројот на жртви од корона вирусот и државата во моментов го живее 17-тиот ден од 30-дневната вонредна состојба. Поради ова шпанскиот фудбал е на „пауза“ како и сите европски големи лиги, и на клубовите им недостасува приходот од мечевите, предизвикувајќи имплементација на „ЕРТЕ“ мерките, односно поставување на своите вработени со договори на одредено време и со намалување на платите до 70 отсто.

Според „Марка“, најпогодени од ситуацијата ќе бидат најголемите клубови. Реал Мадрид, кои во своите планови ги имаа трансферите на Пол Погба и Килијан Мбапе ова лето, најверојатно ќе се откажат од големо трошење.

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу исто така не верува дека ова лето ќе има богати трансфери.

„Претпоставуваме дека ова лето на фудбалскиот пазар ќе има многу помалку пари поради корона вирусот, но трансферите можат да се случат и на поинаков начин, на пример со трампа“, вели Бартомеу за „Диарио спорт“.

Scroll to Top