Top Sport

Шпанците заработија милиони

Шпанија е новиот светски шампион во фудбал. Во напнатото финале на Светското првенство, Шпанците ја победија Аргентина со 1:0 по продолжение. Решавачкиот момент се случи во 106-та минута, кога Феран Торес го постигна победничкиот гол. Аргентина на тој начин не успеа да ја одбрани титулата освоена во 2022 година во Катар, додека Шпанија го повтори успехот од 2010 година.

По 90 минути немаше победник, па натпреварот отиде во продолжение. Непосредно пред тоа, Аргентина остана со играч помалку бидејќи Енцо Фернандез доби црвен картон. Во дополнителните 30 минути, Шпанија ја искористи предноста пд фудбалер повеќе на теренот. Прво, во 96-та минута, голот на Нико Вилијамс беше поништен поради прекршок на почетокот од акцијата.

Сепак, во 106-та минута, одбраната на Аргентина попушти. По центаршутот на Педри од десно, Вилијамс со глава ја врати топката назад кон Феран Торес, кој ја закова во голот.

Покрај светската титула, Шпанците собраа милиони евра. Како светски шампиони, тие заработија 43,7 милиони евра, додека поразената Аргентина заработи 28,8 милиони евра. Секоја репрезентација, покрај наградата за пласман, добива и посебни износи за подготовките и за настапот на турнирот.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');