Третолигашот Шрузбери таун го направи тоа што не му успеа на речиси никој во Англија оваа сезона, извлече реми против Ливерпул (2:2) во четвртото коло од ФА купот, со што обезбеди реванш на „Енфилд“, кој ќе им донесе одлична заработувачка од ТВ-правата.
Со целосно „нов“ состав на Јирген Клоп, „црвените“ стигнаа до водство во 15. минута преку 18-годишниот Кертис Џонс, а само што почна второто полувреме, Доналд Лав си постигна автогол за водство на гостите од 0:2.
Меѓутоа, во интересен финиш, напаѓачот на Шрузбери, Шкотланѓанецот Џејсон Камингс, прво во 65. минута постигна гол од пенал, за десет минути подоцна повторно да го совлада Адријан за 2:2.
Клоп во финишот на натпреварот го внесе во игра и Мохамед Салах, но тоа не беше доволно да се совлада жилавиот противник и сега ќе мора да се игра и реванш.