Top Sport

Штимац и Билиќ со респект за Михајловиќ и покрај контроверзното финале од 1991 година

Игор Штимац и Славен Билиќ, поранешните хрватски фудбалери на Хајдук со кои Синиша Михајловиќ имаше физичка пресметка во контроверзното последно финале на Купот на Југославија во 1991 година, му одадоа последна почит на Србинот по неговата смрт.

На тој натпреваар во 1991 година, Црвена звезда, како најсилен југословенски клуб се судри со Хајдук во напната политичка ситуација пред почетокот на војната во Хрватска. Михајловиќ, кој беше роден во Борово, Хрватска во мешано семејство (татко Србин и мајка Хрватка), и Штимац на тој меч добија црвени картони во една грда фудбалска претстава одбележана со национализам, во која Хајдук стигна до изненадувачка 1:0 победа со голот на Ален Бокшиќ.

Михајловиќ потоа изјави дека Штимац му порачал дека посакува неговото семејство во Борово да биде убиено, по што Србинот признал дека веќе не играл фудбал, туку сакал само одмазда. Двајцата се сретнаа години подоцна, кога беа селектори на своите репрезентации и Штимац вели дека немало лоша крв меѓу нив.

„Јас му простив за се“, изјави Штимац за „24 сата“.

Билиќ, пак, кој на тој меч имаше конфликт со поранешниот македонски репрезентативец, Илија Најдоски, вели дека жали за сите случки на тој меч.

„Што да кажам? Како да не жалам, се работеше за млад човек. Се сеќавам дека игравме за кадетската репрезентација на Хрватска, бевме цимери неддела дена и го викав да дојде во Хајдук. Подоцна се сретнавме повеќе пати. Еднаш во Водице, каде што беше на одмор, другпат на Сардинија. Дали тоа му се допаѓа некому или не, тој беше топ карактер! Моќен играч и прав тренер. Да почива во божји мир“, изјави Билиќ за „Спортске новости“.

Scroll to Top