Top Sport

Што бараше Томкинс во шорцевите на својот голман?

Дефанзивецот на Кристал палас, Џејмс Томкинс на чуден начин покажа грижа кон својот голман Висенте Гуаита во текот на импресивната 4:1 гостинска победа кај Лестер.

Гуаита очигледно имаше проблем во текот на мечот на „Кинг пауер“ стадионот и Томкинс реши да фрли поглед. На прв поглед не беше јасно зошто Томкинс се реши на ваков потег, иако најверојатно му помогна на Гуаита да ги врзе шорцевите, бидејќи Шпанецот носеше голмански ракавици.

На крајот, приказната заврши со хепиенд – Мичи Батшуаи го постигна првиот гол во дресот на Палас, Вилфрид Заха додаде два, а Лука Миливојевиќ еден за важна победа во борбата за опстанок.

Scroll to Top