Top Sport

Што би правела Барса без него? Меси со два магични гола против Џирона

Барселона стигна до 3:1 победа над Џирона во пријателски меч во нивниот тренинг-центар, во кои главна улога имаше првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, кој постигна два фантастични гола.

Меси, кој ова лето го шокираше светот со неуспешниот обид да замине од каталонскиот гигант, покажа дека ќе ја одработи професионално својата последна сезона на „Ноу Камп“ и покрај тоа што се случи.

Филипе Кутињо го отвори резултатот во 21. минута, пред Меси да постигне фантастичен гол од далечина во 45. минута. Откако Џирона се закани со голот на Саиз во 46. минута, вториот гол на Меси беше можеби поимпресивен, бидејќи тој го постигна со својата десна нога од свртување.

Scroll to Top