Top Sport

Што би правеле без него? Халанд во 92. минута за победа на Норвешка над Луксембург

Ерлинг Халанд го постигна својот седми гол во 12-тиот настап за норвешката репрезентација, за со гол во 92. минута да им донесе тешко извојувана 1:0 победа над Луксембург во пријателски меч во Малага, Шпанија.

И покрај тоа што во својот состав имаат ѕведи како Халанд, Мартин Одегард и Јенс Хауге, Норвежаните се мачеа со Луксембург, кои дури имаа и повеќе шанси во второто полувреме.

На крајот, ѕвездата на Борусија Дортмунд и еден од најпосакуваните фудбалери во летниот преоден рок, го реши победникот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');