Top Sport

МЗТ не дозволи сензација, поведе со 1:0 во финалето против Еуро Никел

МЗТ Скопје Аеродром стигна до мининална 83:81 победа над Еуро Никел 2005 за да поведе со 1:0 во финалето на плејофот, надминувајќи го лошиот старт, во кој губеа со неверојатни 0:12.

По овој шок, МЗТ во втората четвртина го презеде водството и имаа серија од 14:2 за 27:25 водство, кое на полувремето стигна до 41:37. Тие го оддржуваа ова водство до финишот на мечот и покрај неколкуте обиди за камбек на Еуро Никел, за да стигнат до важна победа.

Олуџоби имаше 19 поени, Стојановски 13 за МЗТ да стигне до предност пред првото гостување во Кавадарци за два дена.

Фото: КФМ

Scroll to Top