Top Sport

Што ќе прави Зидан со „бунтувачите“ – По Иско, сега и Бензема и Винисуис се проблем?

Карим Бензема беше „фатен“ како му кажува на својот соиграч Ферлан Менди да не му додава на Винисиус Жуниор на полувремето на мечот на ЛШ против Борусија Менхенгладбах во зачудувачки пример на неединство во тимот на Зинедин Зидан.

Реал губеа со 1:0 на полувреме и Бензема беше фатен како на Менди му кажува да не му додава на неговиот соиграч.

„Брату, не играј до него. На животот на мојата мајка. Тој игра против нас“, му кажува Бензема на Менди.

Секако, ова предизвика бура на реакции на социјалните мрежи, но Бензема, како и секогаш не покажа многу емоции, пишувајќи ја арапската поговорка на социјалните мрежи: „Кучињата лаат, караванот си врви“. Статистиката од мечот покажува дека Бензема му дал 0 топки на Винисиус во текот на второто полувреме.

Шпекулациите за бунт во соблекувалната на Зинедин Зидан се појавија и при 3:1 победата над Барселона на гости, кога Иско јавно го критикуваше тренерот за малата минутажа која ја добива.

Scroll to Top