Top Sport

Што ли си помисли Роналдо по советот на Сари? (видео)

Кристијано Роналдо постигна фантастичен гол од слободен удар при импресивната 4:1 победа на Јувентус над Торино, „кршејќи“ го малерот, но на Интернет најинтересна беше неговата реакција по советот кој го доби од тренерот Маурицио Сари.

Италијанските медиуми подолго време шпекулираат дека ЦР7 не е многу импресиониран од тактичките замисли на Сари, а видеото од пред крајот на првото полувреме кажува многу.

Сари реши да му подели некој совет на 35-годишниот Португалец, кој потоа само ги превртуваше очите и гестикулираше.

Scroll to Top