По веста дека Лео Меси побарал раскинување на договорот со Барселона, која денеска одекна како бомба во светскиот фудбал, шпанските медиуми тврдат дека главната причина за оваа одлука е новиот тренер Роналд Куман.
Според „Депортес кватро“, состанокот помеѓу Меси и Куман минатата недела била полна со тензии, посебно бидејќи Аргентинецот го прекина семејниот одмор за да разговара за иднината на Блауграна.
Фразата која го налутила Меси била едноставна: „Привилегиите во тимот се готови, ти треба да правиш сѐ за тимот. Ќе бидам нефлексибилен и мора да го прифатиш тоа“.
Овој обид на поставување на авторитет на Куман не поминал најдобро кај Меси, посебно бидејќи подолго време тој немал такви односи со своите тренери во Барселона. По ова, Меси се налутил на одлуката Куман кратко да им објави на неговите блиски пријатели Луис Суарез и Артуро Видал дека веќе не се потребни во тимот.
Тоа било премногу…
? NOTICIA #DeportesCuatro
?Tensión entre Messi y Koeman en su cara a cara. El argentino NO se esperaba la reunión de esta manera.
?? “Se acabaron los privilegios, voy a ser inflexible”https://t.co/WPbiGQ0EEC
— Deportes Cuatro (@DeportesCuatro) August 25, 2020