Top Sport

Што навистина се случило меѓу Гомез и Гасперини?

Капитенот на Аталанта, Алехандро „Папу“ Гомез најверојатно ќе замине од Бергамо по конфликтот со тренерот Џанпјеро Гасперини, откако на Инстаграм порача дека подоцна ќе „раскаже се“. Што точно знаеме за конфликтот? Популарниот сајт „Фудбал Италија“ дава пресек на работите.

– Аргентинецот денеска тренираше во Цингонија, каде што беше и претседателот на клубот, Антонио Перкаси чекајќи ја ждрепката од Лигата на шампионите.

– „Ла деа“ го доби Реал Мадрид во осминафиналето, но Гомез, според „Тутомеркато“ си замина од спортскиот центар со братот на неговата сопруга во „драстично нерасположение“.

– Проблемот започна на мечот со Митјиланд во Лигата на шампионите, кога Гомез одби да ги послуша наредбите на тренерот Гасперини во првото полувреме.

– Италијанските медиуми јавија дека имало конфликт во соблекувалната на полувреме и Гомез не се врати на теренот во второто полувреме.

– Оттогаш, тој играше против Ајакс во ЛШ, и претседателот Антонио Перкаси изјави дека проблемите ќе се решат внатре во клубот.

– Италијанските медиуми тврдат дека Гомез се извинил на соиграчите, клубот и тренерот, и дека се обидел да ја смири ситуацијата.

– Гасперини по мечот со Ајакс изјави дека тренерот „мора да има слобода да носи одлуки“ и додаде дека не знае како ќе се реши проблемот.

– Гомез не беше среќен што остана на клупата против Удинезе, меч кој беше одложен поради временските услови, и Гасперини реши да не го пушти во игра и против Фиорентина вчера.

– Според италијанските медиуми, Гасперини нема да ја смени одлуката што значи дека Гомез ќе замине веќе во јануари.

– Гасперини веќе пет сезони е во Аталанта, кревајќи го малиот клуб од Бергамо во топ 4 во Италија и две сезони во низа се квалификува за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top