Хаотичниот преоден рок за Манчестер јунајтед донесе нов пресврт, откако „ЕСПН“ објави дека Борусија Дортмунд се сомневале во стручноста на скаутите на англискиот гигант, откако во последен момент се обиделе да го донесат крилото Нико Шулц на позајмица за милион евра плус исплата на неговата плата.
Јунајтед цело лето се „натегаа“ со Борусија околу нивната главна посакувана цел, Џејдон Санчо, но не сакаа да ја платата сумата од 120 милиони евра, а во последниот ден од преодниот рок го направиле овој бизарен потег, но бундеслигашот сметал на 27-годишниот Германец и ги одбил.
Шулц дојде во Дортмунд од Хофенхајм минатото лето, но го немаше стартното место во тимот каде што играше Рафаел Гереиро, но БВБ имале долгорочни планови за него.
Трансферите на Јунајтед ова лето беа во најмала рака хаотични. Дони ван де Бек од Ајакс за 35 милиони фунти е добра зделка, а Единсон Кавани како бесплатен фудбалер ќе биде корисен, но според британските медиуми Оле Гунар Солскјер не ги добил своите три посакувани засилувања оваа сезона – Џејдон Санчо, Џек Грилиш, Ерлинг Халанд…