Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес тврди дека знае како менаџерот на Манчестер сити ги добива своите посакувани засилувања во соработка со сопствениците од Абу Даби.
Според Хенес, кој го познава Гвардиола од времето кога три години беше тренер на Баерн од 2013 до 2016 година (освојувајќи три титули од Бундеслигата), Гвардиола едноставно оди кај шефот на Сити, Шеик Мансур и му покажува видеа од фудбалерот со кој сака да потпише.
„Мојот пријател Пеп ми кажа што се случува кога сака да добие фудбалер кој чини 100 милиони евра. Тој наоѓа видео од фудбалерот кој го посакува и лета да го види шеикот. Тогаш има обилен оброк, се гледаат видеата и шеикот ги префрла парите кои се потребни за да се комплетира трансферот. Следниот ден шеикот пушта малку повеќе нафта и ги добива парите назад. Во таков случај, ние во Баерн не одиме да земеме кредит“, вели Хенес.
Се очекува Сити повторно да бидат активни во летниот преоден рок, со главни цели како Матијс де Лихт и Бен Чилвел. И УЕФА внимава на трансферите на Сити, откако според неколку извори тие се под лупа за начинот на кој ги добиваат парите од богатите сопственици.