Top Sport

Што сака да каже Погба со изјавата „Мораме да се смениме“

Пол Погба не го криеше своето разочарување од 4:2 поразот на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Лестер, признавајќи дека сосема го заслужиле поразот и дека им недостасувало „искуство и ароганција“.

„Ѓаволите“ сега немаат победа во последните три лигашки мечеви по одличниот старт на сезоната и испаднаа од топ 4.

„Да бидам искрен, имаме вакви проблеми на многу мечеви. Не го најдовме проблемот за тоа што примаме лесни, глупави голови. Мораме да бидеме позрели, да играме со искуство и ароганција на позитивен начин. Мораме да најдеме нешто, мораме да се смениме“, вели Погба.

Промена на играта на Јунајтед сигурно е потребна, но изјавата на Французинот може да се протолкува и како притисок на менаџерот Оле Гунар Солскјер, бидејќи на тимот сега му следува низа на тешки натпревари – два меча од ЛШ против Аталанта и дербијата со Манчестер сити и Ливерпул.

Scroll to Top