Нејмар стана последната фудбалска ѕвезда која не успеа да одолее на саудиските долари, приклучувајќи се на Ал-Хилал, но пред да се случи трансферот од Пари Сен-Жермен тој имал неверојатни побарувања од својот нов клуб.
Според шпанскиот „Копе“, Нејмар дал листа на барања до својот нов клуб – куќа со 25 соби, базен и сауна, осум работници кои ќе ја одржуваат куќата, 9 автомобили, плаќање на сите трошоци за патувања кои ќе ги има, како и бесплатен престој во хотели и ресторани.
Не е сигурно дали тој навистина го добил тоа што го посакува, но секако, пари нема да му недостасуваат. Ал-Хилал ќе му плати 350 милиони долари за двете сезони во Саудиска Арабија, тврди „Л’Екип“, со што тој ќе биде вториот најплатен фудбалер во лигата по Кристијано Роналдо, кој добива 225 милиони долари по сезона.
Нејмар ќе дебитира против Ал-Феиха во сабота.
😱 Las extravagantes peticiones de Neymar para fichar por el Al-Hilal
🏡 Mansión de 25 habitaciones
🏊🏻♂️ Piscina de 40×10 y 3 saunas
💪🏻 8 trabajadores
🧃 Una nevera con zumo de Açaí y guaraná
🚘 9 vehículos
🧑🏻🍳 Pago de todas sus facturas en hoteles, restaurantes y desplazamientos pic.twitter.com/Rpx812lrNW— El Partidazo de COPE (@partidazocope) August 16, 2023