Патрис Евра е уникатен лик, тоа на сите кои малку ја следеа кариерата на Французинот им е јасно. Но, со последното видео на Инстаграм, би можеле да се запрашаме и за психичката состојба на ветеранот.
Евра се врати на фудбалот со Вест хем на 37 години, откако беше отпуштен од Марсеј поради удирање на навивач на својот клуб во меч од Лига Европа минатата сезона, и во последно време поинтересни се неговите „доживувања“ на социјалните мрежи отколку фудбалските вештини.
Но, овојпат малку го претера. Во знак на американскиот (веќе и светски) празник Ден на благодарноста, Евра снимаше видео на кое има „чудни“ односи со едно пиле, најверојатно подготвувајќи го за празникот.
По големиот број на коментари, Евра реши да одговори: „Луѓе уживајте во животот, не бидете досадни. За сите вегетеријанци, јас ништо не ви зборувам кога јадете трева во мојот двор“.