Top Sport

Се враќа „стариот“ Веспрем – Унгарците со импресивна победа над РНЛ

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем имаше бурен старт на сезоната, со многу лоши резултати и со смена на тренерот, но работите очигледно одат во виситнски правец, откако тие стигнаа до 29:25 победа на гости кај секогаш незгодните Рајн-Некар Левен.

Веспрем го смени Љубомир Врањеш со поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Давид Дејвис, и тој врати со втора победа во низа во Лигата на шампионите. Ова исто така е слатка одмазда над РНЛ, кои во мечот во Унгарија стигнаа до тесна 28:29 победа.

Французинот Кентин Мае имаше шест гола за гостите, Кент Робин Тонесен додаде пет, додека Мадс Ларсен беше најефикасен за РНЛ со пет гола. Македонскиот репрезентативец, Филип Талески имаше еден постигнат гол за РНЛ, а ист учинок имаше и Дејан Манасков за Веспрем.

Со оваа победа, петта во девет кола, Веспрем се израмни со РНЛ и со Вардар со 10 поени во групата А од Лигата на шампионите, два помалку од второпласираните Виве Кјелце и четири помалку од лидерот Барселона. Вардар има натпревар помалку – во сабота гостува кај Мешков Брест каде што ќе мора да „брка“ победа за да обезбеди полесен пласман.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 9.КОЛО

Динамо Букурешт – Рихимаки Кокс 24:22 (13:12)

Рајн-Некар Левен – Веспрем 25:29 (13:14)

Табела, група А: 1.Барселона 14, 2.Виве Кјелце 12, 3.Рајн-Некар 10, 4.Веспрем 10, 5.Вардар 10, 6.Мешков 4, 7.Монпелје 3, 8.Кристијанштад 3.

Scroll to Top