Top Sport

Што се случува со Тимо Вернер? Видеото од мечот со Фулам ги разочара навивачите

Засилувањето на Челси од 63 милиони фунти Тимо Вернер влезе во игра во последните 15 минути од 1:0 победата на „сините“ над локалните ривали Фулам во саботата, и „хајлајтсот“ од неговиот настап уште повеќе ги разочара навивачите на „сините“.

Германецот нема постигнато гол во последните 10 меча од Премиер лигата, така што не изненадуваше што Френк Лампард не го постави во стартните 11 на „Крејвен котиџ“, иако му даде шанса во финишот на мечот.

Но, против Фулам, кои играа со 10 играчи и неверојатно одеа на израмнувачки гол, имаше многу простор за игра, кој 24-годишниот Вернер очигледно не ги искористи.

Scroll to Top