Top Sport

Фернандо Торес е новиот тренер на Б-тимот на Атлетико

Фернандо Торес го направи првиот чекор кон неговата нова кариера на тренер, откако во септември 2020 се врати во Атлетико Мадрид, а сега го презема Атлетико Мадрид Б тимот од Рики Алонсо, јавува „Марка“.

Според шпанскиот весник, Торес ќе ја почне работата денеска против Побленсе, во обид да го поправи деветтото место од 10 тима во Сегунда Б, откако освоија само 5 поени во последните 8 меча.

36-годишниот Торес ја почна својата кариера во академијата на Атлетико, по што играше четири години во Ливерпул и четири во Челси, за да замине во Милан, пред во 2015 да се врати во Атлетико, и да ја заврши кариерата во Јапонија со Саган Тосу.

Scroll to Top