Top Sport

Што стана со швајцарската прецизност?! Мечот со Литванија започна дури откако ги сменија превисоките голови

Квалификацискиот меч помеѓу Швајцарија и Литванија на „Кибурнпарк“ во Санкт Гален започна 15-тина минути подоцна од предвиденото, откако судиите забележаа дека головите се од 5 до 10 сантиметри повисоки од вообичаеното.

Ова наликува на жалењето на Жозе Мурињо на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје, кога пред мечот со Шкендија тврдеше дека едниот гол е повисок за неколку сантиметри.

Scroll to Top