Top Sport

Што треба да се случи за Специја и Верона да играат бараж за опстанок?

Пред денешното последно коло во италијанската Серија, речиси сите работи се познати, освен борбата за европските места, како и потенцијалниот бараж за опстанок помеѓу Специја и Хелас Верона.

Засега, петтото и шестото место водат во Лига Европа, а седмото во Конференциската лига, меѓутоа, доколку Јувентус биде исклучен од УЕФА, тогаш осмото место ќе води во Конфренциската лига, односно, Фиорентина ќе добие шанса за нова европска авантура. Аталанта имаат подобар меѓусебен однос со Рома, додека Рома има предност од Јувентус, а Јувентус има предност против Аталанта. Ако Фиорентина го победи Вест хем во Конференциската лига, тогаш автоматски влегуваат во Лига Европа.

Понеизвесна е борбата за опстанок – Сампдорија и Кремонезе веќе се во втора лига, додека Специја и Верона имаат по 31 поен. Специја денеска гостува кај Рома, додека Верона гостува кај Милан. Ако, во некој случај останат на ист број на поени, тогаш следува плејоф. Тоа ќе биде еден меч на неутрален терен (на 11 јуни), во кој веднаш по 90 минути би се одело на изведување на пенали.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top