Top Sport

Респект! Капитенот на Севилја ќе игра на мечот во чест на Хоакин

Денеска, Хоакин Санчез ќе го одигра својот последен меч како професионалец, кога неговите Реал Бетис ќе ги пречекаат Валенсија на „Бенито Вилјамарин“, за веќе во вторник да го игра егзибицискиот меч во негова чест, на кој посебен гостин ќе биде капитенот на лутите градски ривали, Хезус Навас.

Хоакин ќе стави крај на 23-годишната кариера, и со настап на мечот ќе го израмни рекордот на Андони Зубизарета од 622 меча во Ла лига.

Во вторник, покрај Навас, кој многупати се судри со Хоакин во дербито на Севилја, ќе играат и Серхио Рамос, Роберто Карлос, Икер Касилјас, Санти Казорла и Раул Гонзалез.

Scroll to Top