Top Sport

Штогер: Без Обамејанг, Борусија не може да бара изговори

Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Штегер призна дека му олеснало кога заврши „трансфер сагата“ околу Пјер-Емерик Обамејанг со трансферот од 56 милиони фунти во Арсенал.

Габонскиот напаѓач заврши на „Емирати“, откако Оливие Жиру се пресели во Челси, а Борусија Дортмунд го добија Мичи Батшуаи од Челси на позајмица.

„Добро е што тоа заврши бидејќи јавноста беше преокупирана со тоа прашање. Сега веќе нема зад што да се криеме“, изјави Штегер за „Билд“.

Дортмунд имаат три ремија во последните три натпревари (Волфсбург, Херта и Фрајбург), а Обамејанг играше во само еден од нив. Тој доби суспензија од Штегер поради пропуштањето на состанокот, а потоа не патуваше на гостувањето во Берлин. И покрај ова, Штегер вели дека медиумите сакале да го преувеличуваат однесувањето на фудбалерот.

„Откако сум јас тука, Обамејанг никогаш не задоцни. Еднаш го пропушти тимскиот состанок и тренираше лошо бидејќи сакаше да замине. Но, освен тоа, тој се однесуваше разумно“, додава Штегер.

Scroll to Top