Top Sport

Шукер го демантира Руџери: Не е вистина дека го наместивме натпреварот

Претседателот на Хрватски фудбалски сојуз (ХНС) и легенда на хрватскиот фудбал, Давор Шукер го демантираше поранешниот аргентински дефанзивец Оскар Руџери за тврдењата дека тој заедно со Диего Марадона го „договориле“ исходот на пријателскиот меч помеѓу Хрватска и Аргентина во Загреб.

Руџери, во гостување на аргентинската телевизија, изјави дека Марадона се договорил со Шукер да нема напаѓање во текот на мечот, бидејќи „гаучосите“ биле уморни по повеќето мечеви во кратко време. Мечот, кој се одигра на силен дожд, заврши 0:0.

Шукер преку ХНС даде директен одговор.

„Претседателот на ХНС, Давор Шукер порачува дека единствено нешто што договарал со Марадона била посетата на гробот на Дражен Петровиќ, кого Марадона исклучително го ценел како спортист“, се вели во одговорот на ХНС.

Диего Марадона уште не дал коментар за оваа изјава на Руџери. Шукер и Марадона се познаваа бидејќи играа заедно за Севилја во 1992/93.

Руџери: Марадона и Шукер го договорија резултатот на мечот Хрватска-Аргентина (Видео)

Scroll to Top