Top Sport

Вуелта Еспања „скратена“ на 18 етапи, не се знае кога ќе стартува

Организаторите на велосипедската Трка околу Шпанија, популарната Вуелта, потврдија дека оваа година трката ќе се состои од 18 наместо од 21 етапа, а уште не е утврдено кога точно ќе стартува.

Корона вирусот направи хаос во велосипедскиот календар за 2020, откако беа одложени Џиро Д’Италија и Тур де Франс. Вуелта требаше да стартува на 14 август во Холандија, но организаторите решија да ги откажат првите три етапи и наместо тоа да стартуваат во Баскија.

„Мораме да бидеме совесни во сегашната ситуација и да прифатиме дека ќе биде тешко да се организира нормална трка поради логистичките предизвици. За среќа ќе стартуваме во Баскија, место каде што има огромна страст за велосипедизмот“, вели директорот на трката, Хавиер Хуилјен.

Вуелта Еспања 2020 треба да биде јубилејно 75. оддржување на трката.

Scroll to Top