Top Sport

Шумахер нема да го продолжи договорот со Ферари

Возачот на Хас, Мик Шумахер повеќе нема да го продолжува договорот со возачката академија на Ферари. Тоа значи дека Германецот самиот ќе решава за својата иднина од почетокот на 2023 година.

Извесно е дека нема да вози во Хас, каде најверојатно ќе биде заменет со Антонио Џовинаци, кој му биде партнер на Кевин Магнусен.

Јасно е дека Шарл Леклер иКарлос Саинс ќе продолжат да возат за Ферари следната година, додека Валтери Ботас и Гуанју Џоу ќе бидат зад воланот на Алфа Ромео, партнерскиот тим на Ферари.

Отворени возачки позиции има во Алпин и Вилијамс, како и во Алфа Таури, но не е исклучено ниту еден од овие тимови да не го ангажира Шумахер. Така Германија би можела да остане без возач во најбрзиот караван.

Scroll to Top