Нотингем Форест со пораз ја започна новата сезона. Вчера со 0:1 загуби дома од Лидс. На „Шумарите“ им е јасно дека им треба напаѓач. Пари имаат, ќе го трошат заработеното од трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер Сити.
Нотингем Форест испрати понуда од околу 82 милиони евра за напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго.
Бразилскиот напаѓач е под договор до 2031 година, но растечкиот интерес за него би можел да доведе до трансфер кон крајот на преодниот рок, особено ако Брентфорд добие понуда што не може да ја одбие.
Тијаго беше еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата минатата сезона. Тој постигна 22 гола во лигата, а Брентфорд го донесе од Клуб Бриж во 2024 година за клупски рекорд.
Во февруари оваа година, тој го продолжи договорот до летото 2031 година.
Foto/ Depositphotos
