Top Sport

„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“.

Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба.

Долго време за Ендој интерес покажуваше италијанскиот првак Наполи. Сепак првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, не сакаше да плати 40 милиони за крилниот напаѓач.

Ендој ги договори личните услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач има 24 години и пристигнува на „Сити Граунд“ како замена за Ентони Еланга, кој се приклучи на Њукасл.

Швајцарскиот интернационалец постигна девет гола и запиша шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона и имаше голем придонес во освојувањето на Купот на Италија.

Ендој претходно играше за Базел, Ница и Лозана.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top