Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд за трансферот на Лиам Делап. Напаѓачот дојде од Челзи за околу 50 милиони фунти.
Според англиските медиуми, сè е договорено, останува Лиам Делап да ги помине лекарските прегледи во наредните денови и да потпише договор со Нотингем.
Делап пристигна во Челзи пред една година од Ипсвич за 30 милиони фунти, но Челзи одлучи да го продаде ова лето. Делап се мачеше минатата сезона прво со повреда на рамото, а потоа и со повреда на тетивата.
Доаѓањето на Делап значи и посилна конкуренција за Крис Вуд и Игор Жезус. Нотингем го донесе Усман Диоманде (34 милиони фунти) од Спортинг, а Ксавиер Шлагер и Стив Бенда пристигнаа како слободни играчи.
Елиот Андерсон го напушти Нотингем за 116 милиони фунти и се пресели во Манчестер Сити, а Таиво Авонџи стана играч на Ковентри за еден милион фунти.
Foto/ Depositphotos
