Top Sport

Манчестер јунајтед веќе не е најбогатиот клуб, Реал и Барса го поминаа

Манчестер јунајтед го загуби епитетот најбогат фудбалски клуб на светот, откако последната листа на „Делоит“ покажува дека шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона го поминаа 20-кратниот англиски шампион.

Извештајот на „Делоит“ е да се направи проценка на клубот со најголем приход во светскиот фудбал, и Реал Мадрид се качија на тронот како прв фудбалски клуб кој заработил над 750 милиони евра во една сезона. Ова е 12-ти пат Реал да е на првото место во 22 години од првата листа.

Барселона исто така го „претекна“ Манчестер јунајтед со приход од 690.4 милиони евра, додека Манчестер сити се вториот најбогат клуб во Премиер лигата, веднаш зад Јунајтед и Баерн Минхен. Ман Сити заработија 568.4 милиони евра, додека Ливерпул имаат одличен раст – од 424.2 милиони на 513.7 милиони евра по пласманот во финалето на Лигата на шампионите.

Scroll to Top