Top Sport

Шустер: Шпанија има еден проблем, Јеро не е тренер

Легендарниот германски плејмејкер Бернд Шустер вели дека неискуството на Фернандо Јеро може да се покаже како клучно за шпанската репрезентација на Мундијалот во Русија.

Стартот на СП за „Ла роха“ помина хаотично, откако Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ) реши да го отпушти Хулен Лопетеги на два дена пред стартот на Мундијалот поради тоа што тој потпиша договор да стане нов тренер на Реал Мадрид.

Во последен момент, одлуката падна на Јеро, и тој успеа да ги донесе до првото место во групата Б и дуел со домаќинот Русија во осминафиналето, но само со една победа (1:0 над Иран) и две ремија (3:3 против Португалија и 2:2 против Мароко). Шустер вели дека неискуството на Јеро може да биде клучно.

Јеро во 2014 година беше именуван за помошник тренер на Реал Мадрид, а единствена менаџерска позиција пред шампионатот беше сезоната како главен човек на Реал Овиедо во втората шпанска лига.

„Првата и основната работа е што Фернандо Јеро не е тренер и нема искуство во вакви ситуации. Не е исто да си тренер и да си фудбалер, бидејќи како тренер мораш да носиш многу одлуки и да имаш јасна визија. Тоа не е негова вина, а сега го наследува тимот на Лопетеги и не знае што да менува. Не знае како да реагира“, вели Шустер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top