Top Sport

Марадона во потрага на тие кои тврдеа дека умрел

Адвокатите на Диего Марадона понудија 300.000 аргентински пезоси (10.800 долари) за да се открие кој ги креирал аудио-снимките на кои се тврдеше дека легендарниот фудбалер починал по мечот Аргентина-Нигерија.

По емотивниот меч, освојувачот на Светското првенство од 1986 година беше фатен на камера како добива третман по мечот, и тогаш се појавија два аудио-клипа на Интернет на кои се тврдеше дека Марадона имал срцев напад и починал.

„Направивме јавен повик за награда од 300.000 пезоси за тие кои ќе дадат точни информации за креаторите на тоа аудио. Од едно студио ми кажаа дека по консултација со технолошки експерти може да се дознае кој го наместил тоа. Затоа ни е потребна помош“, изјави адвокатот на Марадона, Матијас Морла.

Фото: ЕПА

Луди 90 минути за Диего Марадона на „Крестовски“ (видео)

Scroll to Top