Top Sport

Швајцарците го објавија поширокиот список за ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Владимир Петковиќ, повика 29 фудбалери на подготовките за ЕУРО 2020. Од овој список, до 1.јуни, Пектовиќ ќе треба да избрише три имиња.

На спискот што го објави Петковиќ се наоѓаат најголемите ѕвезди: голманот Јан Зомер, Мануел Аканџи, Фабиен Шер, Рикардо Родригез, Џердан Шачири, Гранит Џакам Ремо Фројлер, Брил Емболо и Харис Сеферовиќ.

Дебитанти на овој список се напаѓачот на Брајтон Анди Зечири, фудбалерот на Ница Дан Ндоје и голманот на Штутгарт Грегор Кобел.

Кампот на Швајцарците во Бад Рагацу ќе биде отворен на 25.мај, но играчите можат да се пријават и на 23 или 24.мај.

Швајцарија до почетокот на ЕУРО 2020 ќе одигра контролни натпревари со САД на 30.мај и Лихтенштајн четири дена подоцна.

Швајцарија на ЕП е во А-групата заедно со Италија, Турција и Велс.

Scroll to Top