Фудбалските репрезентативци на Швајцарија ја одбиле премијата од еден милион швајцарски франци која им следува за изборениот пласман на Европското првенство.
Швајцарците низ квалификациите се пласираа на ЕП. Во меѓувреме континеталноот првенство е одложено за 2021 година.
Селекторот Владимир Петковиќ и фудбалерите на овој ќе го надоместат финансискиот минус во кој ќе се најде Сојузот.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Швајцарија рекол дека „селекторот и фудбалерите направиле величествен потег“.
Швајцарија преку Д-групата се пласира на ЕП. Наредната година на ЕП противници ќе и бидат Италија, Турција и Велс.